BT Business - шаблон joomla Mp3
За МГИ Инвест ЛТД

Компанијата МГИ Инвест ЛТД  Скопје е фирма која работи во сферата на финансов менаџмент, инвестиции како и проектирање, ревизија, надзор и изведба на градежни работи во високоградба, нискоградба, инфраструктурни системи и завршни работи во градежништвото.

Основана е во 2010 година. Во 2011 година почнува да го развива оперативниот сектор и инженерингот за во 2012 почне комплетно да работи оперативни работи како што се сите видови на инфраструктурни системи, топловоди, водоводи, канализација, ниско напонски мрежи, улици, патишта, паркинзи исто така е обучена да работи во делот од високоградба.

Лиценциран е со лиценца А за изведба и исто така има имплементирано европски стандарди и тоа :

ISO 9001 2008 – стандард за управување со квалитет

ISO 14001 2004- стандард за управување со животна средина

OHSAS 18001 2007- стандард за здравје и безбедност при работа

Основана е  од страна на искусни и докажани експерти со повеќегодишно искуство во областа. При основањето накомпанијата главната цел е да се обезбеди квалитетно и навремено извршување на работите како и да се постават високи стандарди во градежната индустрија.

Благодарение на посветеноста на тимот на МГИ Инвест ЛТД  Скопје кој е високо квалификуван компетентен и стручен, компанијата континуирано расте и се унапредува во една од најуспешните компании на пазарот.

Од досегашното работење можеме да потенцираме повеќе клучни успешно реализирани проекти како и повеќе проекти кои се во фаза на реализација.

Амбициите на МГИ Инвест ЛТД Скопје не застануваат овде, ние се стремиме кон превземање на уште поголеми проекти на нашиот пазар како и ширење на нашата компанија на меѓународниот пазар.

Тим

Like us on facebook